fbpx

ИСХРАНА НА ПАТУВАЊЕ

ishrana-na-patuvanje-dna-anii-farm-betty

ИСХРАНА НА ПАТУВАЊЕ

Лесно, вкусно и безбедно

 

Тргнувањето на патување подразбира и промена на одредени прехранбени навики. Ова е неопходен чекор кој мораме да го преземеме за да ги спречиме евентуалните здравствени проблеми.

 

Автор Билјана Божовиќ

 

Без разлика дали на одмор сте тргнале со сопствен автомобил или патувате со автобус, воз, авион, никако не би требало да тргнете гладни. Од друга страна, водете сметка да не се прејадете. Ова посебно се однесува на возачите, затоа што таквата состојба доведува до пад на концентрацијата. Исто така, значајно е веќе од вечерта пред тргнување на пат вашите оброци да бидат лесни и лесно сварливи, како мусли, немасно месо и салата од зеленчук. Избегнувајте зачинета и масна храна, алкохолни пијалаци и намирници кои тешко се варат. Консултирајте се со својот лекар и фармацевт околу изборот на препарати против мачнина, доколку имате такви проблеми во текот на возењето. Од нив можете да добиете и препорака за пробиотски препарати. Важно е да направите избор кој најмногу одговара на вашите потреби.

 

Што да понесете на пат?

Флашираната вода е задолжителна. Течност внесувајте почесто, во мали дози. Малку засладен чај од нане, како и разблажени сокови без дополнителен шеќер претставуваат вистински избор. Газирани пијалаци би требало да избегнувате. Што се однесува на кафето, доколку не можете без него, сведете ја употребата на најмала мера.

Во патната торба би требало да се најдат и кесички со грицки, некое пакување со кекс и овошје кое не мора да се мие (портокали, банани). Јаткастите плодови претставуваат одличен извор на нутриенти потребни за совладување на патните напори, затоа понесете со себе ореви, лешници или бадеми. Сендвичите се добро решение. Користете интегрално печиво намачкано со тенок слој путер. Избегнувајте употреба на мајонез, кечап и павлака.

 

Што да се избегнува?

Вода од чешма може да биде причина за стомачни проблеми. Доколку застанете попат во некој од угостителските објекти, немојте да порачувате јадење од скара и локално зачинети специјалитети. Ако сте сигурни во тоа дека објектот во кој престојувате ги задоволува сите хигиенски стандарди, тогаш можете да порачате чорба и салата. Не купувајте храна на плажа која не е во оригинално пакување доколку не сте апсолутно сигурни во нејзината хигиенска исправност. Истото важи и за сладоледот.

 

Бебиња и мали деца

Посебно внимание посветете на најмладите. Не воведувајте во исхраната нови намирници додека патувате, особено ако се работи за потенцијални алергени!

 

За повеќе совети обратете се во аптеките на ДНА АННИ ФАРМ-BETTY АПТЕКА.

Despina Zupan