fbpx

МЕДОТ ВО СЛУЖБА НА УБАВИНАТА

med-dna-anni-farm

МЕДОТ ВО СЛУЖБА НА УБАВИНАТА

Драгоцена природна состојка

 

Од дамнешни времиња се познати лековитите својства на медот. Меѓутоа, речиси исто толку трае и неговата употреба во козметички цели.

 

Медот се користи во исхраната на човекот уште од времето на неолитот. Веќе во стариот Египет доаѓаме до податоци за организирано одгледување пчели, а овој многу корисен инсект бил и задолжителен дел од знаците нацртани на гробниците на фараоните. Уште тогаш медот е употребуван и за разубавување.

 

Автор: Весна Марковиќ

 

Што е тоа што го прави медот толку посебен?

Составен од над 70 различни соединенија и елементи, медот претставува вистинска ризница од природни лековити состојки. Ниската содржина на вода и pH вредноста  која се движи од 3,2 до 4,5 го прават средина исклучително неповолна за развој на бактерии. Докажано е неговото слабо антисептичко дејство, и порано бил широко користен за санација на рани и исеченици. Богат е со витамини од Е и Б-групата, содржи над 20 киселини, а со оглед на тоа дека повеќе од 80 % од составот на медот се јаглехидрати, тој е и одличен извор на енергија.

 

Нега на кожата на лицето

Медот на кожата ѝ дејствува хидрирачки, ѝ помага да ја задржи влагата, сјајот и еластичноста. Често се користи маска направена од мед кој е малку разблажен со млака вода. Поради своите антиоксидантни својства медот го забавува стареењето на кожата предизвикано од изложувањето на сончева светлина. Неговото хранливо дејство ја поттикнува регенерацијата на чувствителната кожа на лицето и ја прави кадифена.

 

Бујна и сјајна коса

На сувата и оштетена коса ѝ недостигаат аминокиселини кои медот може да ѝ ги надомести. Медот дејствува и на кожата на главата намалувајќи ја појавата на првут, додека танините и шеќерите кои ги содржи влијаат позитивно на косата таа да биде сјајна и мазна. Одличен е и како средство за регенерирање на коса оштетена од боење.

 

Смирувачко дејство

Медот е одличен придружник на билните чаеви. Неговите регенерирачки својства придонесуваат за опуштање и му помагаат на организмот да се избори со стресот. Постигнување внатрешен мир и рамнотежа ја прават основата на која се гради надворешната убавина.

 

Дали медот е алерген?

Луѓе кои се алергични на мед секако не може да користат препарати на база на мед без консултации со лекар. Лицата со чувствителна кожа би требало секој нов препарат прво да го испробаат со нанесување мала количина на кожата на внатрешната страна од зглобот на раката.

За повеќе совети обратете се во аптеките на ДНА АННИ ФАРМ-BETTY АПТЕКА.

Despina Zupan
No Comments

Sorry, the comment form is closed at this time.