fbpx

СЕКОГАШ ДОСТАПЕН ЗДРАВ ОБРОК

zdravje-zdrava-hrana-apteka-dna-annifarm-skopje

СЕКОГАШ ДОСТАПЕН ЗДРАВ ОБРОК

Практично, корисно, вкусно

Потребно е само малку труд за секојдневните оброци на работа да ги направиме поздрави и поразновидни.

 

Автор Билјана Божовиќ

 

Комбинацијата од секојдневно седење на работното место со грицки, брза храна и оброци од блиската пекарница претствува сигурен пат кон вишок килограми. Ова, пак, е идеална основа за развој на бројни заболувања, од кардиоваскуларни болести, преку болки во грбот до дијабетес. Затоа следен пат кога ќе кажате дека немате време да си подготвите здрав оброк, размислете дали сте во право. Навистина е потребно само малку добра волја и неколку садови за храната да ја пренесете и да уживате во здрави, домашни оброци во текот на работниот ден. Секој успешен резултат е последица на грижливо планирање, па време е да направите сопствено мени за работната недела. Потребно е да ја приспособите набавката на намирници на новиот режим, но веќе по неколку дена тоа ќе стане рутинска активност. Кога го имате планот со оброци, тогаш знаете и што треба да купите, така што нема да имате проблем да ги подготвите своите оброци за наредниот ден.

 

Појадок

Би било добро да не излегувате од дома без појадок, но знаеме дека, сепак, тоа го прават многумина од нас. Дома подгответе мешавина од своите омилени снегулки и мусли и ставете ја во голема тегла. Меѓу оние празни теглички кои ги имате затоа што никогаш не ги фрлате, изберете една чија големина одговара на количината снегулки кои ги јадете за појадок. Наполнете ја навечер и спакувајте ја во торба. Кога ќе стигнете на работа, ви останува да ги прелиете со јогурт или со овошен сок и појадокот е подготвен. Додека навечер ја гледате својата омилена серија, можете да ставите јајца да се сварат. Следното утро спакувајте ги заедно со интегрални кифли и парче сирење или шунка која сте ја исекле и свиткале во фолија во текот на претходната вечер.

 

Ручек

Еден од покорисните трикови за овој оброк се состои во зголемување на количината храна која ја подготвувате за ручекот дома. Доколку подготвувате шницли, додадете уште една или две во тавата. Истото важи и за копани и наткопани. Следното утро понесете ги со себе, со некој домат или краставица. Додадете му на оброкот чаша јогурт и ќе бидете сити. Салати со ладно пилешко се одлично решение за ручек на работа, со оглед на тоа што даваат сосема доволно енергија за продолжението на денот, а не го оптоваруваат желудникот. Тестенините, исто така, се одлично решение, но нив треба да ги подготвите во текот на утрото. Со малку организација тестенините може да бидат сварени додека завршите со утринското туширање и подготвување. Доколку претходната вечер сте подготвиле пченка и исечкале краставици, ви останува само сето тоа да го измешате со тестенините, додадете конзерва туна и малку посен мајонез. Дел понесете со себе, а остатокот ќе ве чека подготвен кога ќе се вратите од работа.

 

Ужина

Овошјето е одлично решение кога мислите дека е време за грицки. Морковот е подеднакво добар избор, а доколку толку ви недостига слатко, тогаш препорачуваме од дома да понесете подготвена тегличка со крупно мелени јаткасти плодови измешани со мед. Една до две лажици и ќе бидете подготвени за нови работни победи.

 

За повеќе совети обратете се во аптеките на ДНА АННИ ФАРМ-BETTY АПТЕКА.

Despina Zupan