fbpx

СОВЕТИ ЗА ПОБРЗ РАСТ НА КОСАТА

soveti-za-pobrz-rast-na-kosata

СОВЕТИ ЗА ПОБРЗ РАСТ НА КОСАТА

Милица Алексиќ

 

Без разлика на полот и годините, косата во просек за еден месец расте помеѓу еден и пол до два сантиметра. Меѓутоа, на нејзиниот побрз раст може да влијаат многу фактори. Затоа ви даваме неколку совети со помош на кои косата за пократко време може да ви биде подолга и поубава.

 

Здрава исхрана:

Избалансираната исхрана, богата со витамини А, Б, Ц, Е, минерали – селен, магнезиум, железо, цинк, како и протеините, влијаат на побрз раст на косата. Секојдневно треба да се консумира млеко и млечни производи, интегрални житни растенија, јаткасти плодови, зеленчук и овошје, како и нерафинирани масла богати со омега 3 масни киселини. Имајте предвид дека на растот на косата негативно влијае пушењето, како и консумирањето алкохол.

 

Спиење: 

Истражувањата покажале дека лицата кои страдаат од инсомнија и недоволно спијат имаат проблем со опаѓање на косата, како и дека таа побавно им расте. Спиењето е многу важно за севкупното здравје, па и за убавината на косата. Исто така, кој има долга коса може пред спиење нежно да ја исчешла и да ја сплете во плетенка. Тоа е стар трик кој служи кожата да се заштити од кинење и да не се измрси.

 

Ослободување од стрес:

Познато е дека стресот е непријател на нашето здравје, но и на нашата коса. Изложеноста на стрес не влијае само на полош раст на косата, туку и на нејзиниот изглед. Поради тоа важна е релаксацијата во вид на различни методи и техники кои можат да ни помогнат да се ослободиме од насобраната напнатост, како прошетка, престој во природа, јога или некој друг спорт.

 

Масажа на главата:

Маслиново, бадемово, како и масло од нане, рицинус и тиква се многу добри за масажа на скалпот. Со нежни, кружни движења со прсти треба да го масирате коренот на косата, десетина минути, оставете да отстои, па измијте. Веќе после еден месец ќе ги видите резултатите: косата расте побрзо, побујна е и посјајна.

 

Маска за коса:

Хранливите маски за коса проверено го забрзуваат нејзиниот раст. Можете да ги купите или сами да ги подготвите од продуктите кои ги имате дома. Маската од половина лимон, едно јајце и четири лажици маслиново масло е идеално пакување кое одговара на секоја коса. Држете ја на косата 15 минути, па измијте. Постапката можете да ја повторувате еднаш или два пати неделно.

 

Квалитетна нега:

Користите квалитетни и благи шампони за коса, регенератори и останата козметика. Кога сте во можност косата сушете ја природно, без фен. Не ја стегајте со цврсти гумички, а ако често носите коњско опавче, дајте ѝ на својата коса прилика да се одмори.

 

За повеќе совети обратете се во аптеките на ДНА АННИ ФАРМ-BETTY АПТЕКА.

Despina Zupan