fbpx

СТРИИ

стрии-аптека-дна-анни-фарм

Како да ги намалите и отстраните

Милица Алексиќ

 

Кога кожата пребргу се растегнува, во пубертет, за време на диети, односно поради слабеење или нагло зголемување на телесната маса или во бременост, може да се појават стрии, кои во почетокот се црвеникави поради крвните садови и воспалението, за подоцна да станат бели, бидејќи кожата на тие места го губи природниот пигмент. Овие линии на кожата, во некои случаи широки дури неколку сантиметри и долги дваесетина сантиметри, претставуваат, пред сè, естетски проблем.

 

Не е лесно стриите да се намалат, а уште потешко е целосно да се отстранат, но затоа може да се превенираат. Добра превенција е избегнување брзо слабеење и дебелеење, што се постигнува со урамнотежена и здрава исхрана, како и со консумирање доволно вода, 2 литра на ден. Водата ја намалува можноста за појава на нови стрии, ја прави кожата еластична и ги отстранува токсините од организмот. Во ризичен период за појава на стрии, какви  што се пубертет и бременост, добро е да се користат креми против стрии, кои еднаш до два пати дневно се нанесуваат на бедрата, задникот, колковите, надлактиците, стомакот и градите. Исто така, помага  витамин Ц, но и храна богата со белковини.

 

Ако стриите се појавиле, може да се намалат со помаш на ласерска технологија во специјализирани козметичко-дерматолошки салони, но треба да се подготвите дека тој третман

може да трае и до 9 месеци, а резултатите на крајот да не бидат задоволувачки.

Природните лекови и препарати и понатаму се сметаат за најкорисни во отстранување на овие линии на кожата, но треба да се биде трпелив и упорен.

 

Рицинусово масло: 

Со рицинусово масло треба да се масираат секојдневно деловите на телото на кои се појавиле стрии, со кружни движења десетина минути, а потоа зафатениот дел да се завитка во загреана, памучна ткаенина.

 

Бадемово масло: 

Постапката е иста како и со рицинусово масло. Помагаат и кокосово и маслиново масло, па, исто така, треба да се користат.

 

Белка: 

Два пати неделно да се измати белка од две јајца и смесата да се нанесе на чиста кожа, па да се почека да се исуши и стегне. Потоа кожата да се измие со млака вода и да се нанесе крем или маслиново масло.

 

Алое вера:

Гел од билката алое вера треба да се втрива на кожата таму каде се наоѓаат стриите секој ден и да се почека кожата целосно да го впие.

 

Сок од лимон:

Свежо исцеден сок од лимон треба да се втрие во кожата со кружни движења, нежно масирајќи ги загрозените места, па да се почека да се исуши, а потоа да се измие со млака вода. Сокот од лимон може да се помеша и со сок од краставици во сооднос 1:1.

 

Сок од компир: 

Се лупи здрав и сочен компир, па се сече  на тркалца и се втрива во кожата со кружни движења, така што сокот од компир дејствува на загрозените места. По десетина минути истуширајте се, а на кожата нанесете хранлив крем.

 

За повеќе совети обратете се во аптеките на ДНА АННИ ФАРМ-BETTY АПТЕКА.

Biljana